Влошена е состојбата на една од трите девојки заболени од ретка форма на цистична фиброза кои останаа без лекови
Foto

Влошена е состојбата на една од трите девојки заболени од ретка форма на цистична фиброза кои останаа без лекови

Влошена е здравствената состојба на Флора Гаши, 21 годишната девојка со ретка форма на цистична фиброза, за која ТВ24 пред шест дена објави дека остана без неопходниот лек Калидеко. Флора е хоспитализирана вчера и нејзината состојба е тешка. Од семејството апелираат лекот да се набави што побрзо. 

Нормален живот, но само на два месеца добија Флора и уште две девојки една на 12 и друга на 30 години, кои по цела година перипетии во април го добија лекот. Флора пет дена откако ја испи последната таблета, пред камерата на ТВ24 зборуваше дека се чувствува многу подобро и апелираше што побрзо да ја добие терапијата без која не може да живее. 

Министерот за здравство Венко Филипче потврди дека ќе почнат постапка за набавка на лекот најбрзо што можат.  Неофицијално- во моментот се бара донација од лекот. 

Дека лекот за само два месеца даде извонредни резултати кај сите три тешко болни пациентки потврдија и на Клиниката за детски болести. Но буџет за лекот нема. Финансиските средства што беа одобрени од Фондот за два месеца се потрошија на лекот, а од Министертвото за здрасвтво минатата недела ветија дека финансирањето понатаму ќе оди преку Програмата за ретки болести. Овој лек во светот се употребува од 2012 година и со него луѓето живеат нормално.

0 Коментари

Остави коментари