Влијанието на кризата предизвикана од војната во Украина врз фирмите во Македонија
Македонските компании биле погодени од кризата предизвикана со војната во Украина во повеќе сегменти. Еден од поголемите удари врз стопанството е недостигот на работна сила што директно имплицира пораст на платите на работниците, вели во интервју за ТВ 24 Благица Петрески, извршен директор на институтот за економски анализи “Фајнанс тинк” кој деновиве излезе со студија за влијанието на украинската војна врз компаниите во Македонија.
Од порастот на цените на енергенсите, до зголемените трошоци за работниците. Што друго покажува анализата?