ВЛЕН: Правдата победи, волјата на граѓаните ќе надвладее

Од коалицијата „Вреди“ ја поздравија одлуката на Управниот суд, за која велат дека е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај.

- Ја поздравуваме одлуката на Управниот суд, која е во согласност со волјата што ја изразија граѓаните на 8 мај. Оваа одлука уште еднаш докажува дека надежта за граѓаните во државата доаѓа, а манипулациите и криминалот на оваа хибридна моќ паѓаат.

Промената започната на 8 мај почна да се реализира, но за да биде уште побрза и поефикасна, ги повикуваме граѓаните на Ларце (им 2101) во среда (22 мај) да излезат и да ја изразат својата волја, слободно, без да потклекнат на притисоците на ДУИ и нејзините манипулатори.

Промена е неповратна. ВРЕДИ за Желино и за секој граѓанин во нашата земја. - се вели во соопштението.