ВЛЕН: ДУИ 20 години не го реши прашањето за испитите на албански јазик

За владејачката ВЛЕН протестите на студентите се класичен политички мониторинг и со политичка позадина во која е вклучена опозицијата. Од партијата обвинуваат дека ДУИ две децении не го решила прашањето, иако била на власт, а најавија дека наскоро сите професионални испити ќе бидат достапни и на албански јазик.