ВЛЕН бара отчет од Османи за трошењето на буџетот за ОБСЕ без документи и резултат
Од ВЛЕН денеска го повикаа Османи да и одговори на јавноста зошто, како што велат, нема никаква документација за тоа како се потрошени 120 милиони денари од буџетот на Министерството за надворешни работи за организација на Министерскиот совет на ОБСЕ во ноември 2023 година во времето на неговиот министерски мандат.

