Влегува ли Македонија во сериозна енергетска криза?
Домашното производство на струја речиси и да го нема. Како да се зголеми производство, а да се намали увозот? Домашното производство двојно се намали, од некогашните 7000 Gwh, последната деценија производството е на најниско ниво и изнесува 3000 Gwh. Јаглен нема, а гасот достигна највисоки цени во историјата. Цената на струјата стигна до 200 евра мегават час на меѓународниот пазар, ќе има ли поскапување на струјата по нова година. Кои се можните излезни решенија од кризата?
Гости се Виктор Андонов, советник за енергетика во кабинетот на Претседателот на владата и Стевче Антовски дел од комисијата за енергетика на ВМРО-ДПМНЕ.