Влатко Ѓорчев се повлекува од политиката

Владимир Ѓорчев преку социјалните мрежи ја  информираше јавноста дека заминува во приватниот сектор.

- Решив да работам во реалниот сектор. Приватно, во своја фирма, во областа на маркетингот, советувањето, трговијата и услугите. во македонија секогаш има пофалби и критики. Ако имав државна работа ќе имаше критики. Ако одиш приватно повторно критики и неколку честитки. Ако успееш пак критики. Ако не успееш, тогаш критики и сеир. животот оди понатаму“, напиша Ѓорчев на социјалните мрежи.

Инаку Влатко Ѓорчев веќе неколку месеци е во Америка, каде што се наоѓа неговата сопруга, а во земјава беше присутен само за изборниот циклус. Ѓорчев е член на извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и од неговата матична партија за тв 24 велат дека не очекуваат тој да се повлече од паријата.