Властите на областа Запорожје предлагаат режим на молк околу нуклеарната централа

Членот на главниот административен Совет на областа Запорожје, Владимир Рогов изјави дека е потребно да се прогласи режим на молк околу нуклеарната централа Запорожје, тврдејќи оти е „на удар на украинската војска“.

Tој оцени дека раководството на Обединетите Нации и министрите за надворешни работи на Европската Унија не треба да зборуваат за демилитаризација, туку за воведување режим на молк и да предвидат најтешки санкции за гранатирање нуклеарни централни.

Претходно, постојаниот руски претставник на Русија во ОН, Василиј Небензја предупреди дека демилитаризација на нуклеарната централа Запорожје, што беше предлог на генералниот секретар на ОН, нуклеарката ќе ја направи ранлива.

Истовремено, шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел изјави дека поддржува создавање зона околу централата каде би биле забранети вооружени сили.

Нуклеарната централа Запорожје има шест блокови и најголема е во Европа. Од март е под контрола на руските сили, кои извршија инвазија на Украина.

Русија тврди дека од почетокот на месецов, вооружените сили на Украина го зајакнале гранатирањето на нуклеарката.