ВЛАСТА СЕ ПРЕБРОЈУВА ПРЕД КЛУЧНАТА ФАЗА ЗА УСТАВНИТЕ ИЗМЕНИ – ДОГОВОР СО КАСАМИ СÈ УШТЕ НЕМА
Власта во низок старт, опозицијата со бојкот, стартот на клучната фаза за уставните измени , со кои Македонија ќе стане Северна Македонија со целодневно доцнење.
Премиерот Зоран Заев по целодневни средби и преговори со Беса, не успеа да добие 80 гласа за дневниот ред, но порача дека очекува поддршката која ја даде Билал Касами за отворањето на Уставот да се ефектуира и на крајот од измените. Пратениците на Касами не влегоа во собраниската сала, а по преговорите порачаа дека нема договор и нема мнозинство.
Иако функционерите од мнозинството тврдеа дека власта има и повеќе од 80 пратеници, премиерот призна дека нема конечен договор со Беса. На седница ја немаше ниту Лилјана Поповска, неофицјално најавила дека нема да гласа, но од власта велат дека нејзиниот глас, ќе се амортизира со поддршката на Панчо Минов.
- „Водеа грижа за разбирањето на македонската етничка заедница во нашата заедничка Македонија. Очекувам дури и конечните одлуки од Беса и на господинот Касами дека ќе останат позитивни токму во овој колосек“ - изјави Зоран Заев претседател на валдата на РМ.
Осумте исклучени пратеници пак од ВМРО-ДПМНЕ, се појавија во собраниската сала, но неофицијално се закануваат дека нема да гласаат доколку Заев се договори со Касами за државнајството. Според партиски извори на маса е формулацијата за државјанството со што би се интервенирало во уставниот закон. Премиерот во образложението ги издвои токму нив како клучни во процесот на уставни измени, а на пратениците им порача дека имаат државничка обврска, државата да ја однесат во ЕУ и НАТО, а не во изолација. Повтори дека со Преспанскиот договор се признаени правото на самопиопределување, идентитетот и јазикот.
„Вашиот глас е глас за полноправно членство на нашата земја во Нато за помалку од една година. Секој лас против е глас за изолација, несигурност и сиромаштија“ - изјави Зоран Заев претседател на Владата на Република Македонија.
На опозициајта не и посвети посебно внимание, но тие надвор од собраниските клупи му порачаа дека нема да учествуваат во акт на насилство врз сопствената држава.
- „Зоран Заев не доби подршка за менување на Уставот и името и тоа го прави на криминален начин преку корстење на судските и обвинителските механизми за уцена на пратеници да гласаат“ - изјави Христијанн Мицковски.
Според најавите комплет гласањето на сите аманмднаи се планира за во петок, потребно е најмалку 8о пратенции да галсаат за, засега Заев ги нема сигурни.

