Власта предлага законски измени за безбедност во сообраќајот
Нови законски измени за безбедноста во сообраќајот ќе иницираат - народните избраници. Ова го најавија на денешната собраниска седница пратениците од парламентарното мнозинство на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците, но за тоа претходно ќе иницираат и јавна расправа со цел да се дојде до најдобрите можни решенија.
Апелираат сите пратеници да дадат свој придонес се со цел да се дојде до едно заедничко и квалитетно решение.
И дел од пратениците од опозицијата најавија дека ќе ја поддржат и ќе се вклучат во дебатата. Јавната расправа која ќе почне во петок ќе трае неколку дена, а на истата свое мислење ќе даде стручната фела, институциите кои се најнадлежни а свои предлози можат да изнесат претставниците на сите пратенички групи.