Власта повторно го одби амандманот на ССМ, синдикалците побара оставка од сите пратеници на СДСМ и на ДУИ кои гласаа против

Со 7 гласа против владеачкото мнозинство денеска повторно не го изгласа амандманот за линерарно зголемување на платите од 2806 денари поднесен од ССМ.

Синдикалците пред собранието чекаа со столчиња за пратениците за да охрабрат, откако повторно останаа со празни раце и им се заблагодарија на нароните избраници

Од опозицијата изразија жалење за мнозинството пратеници кои го одбија амандманот што требаше да донесе линаерно зголемување на платите. 

Од владеачката партија ги избегнаа новинарите, иако најпрво ветија изјава пред камера, преку соопштение порачаа дека остануваат посветени на дијалогот.

- Владата предводена од СДСМ со синдикатот е во преговори и се бара најдоброто решение за зголемување на платите. Пари во буџетот има и за тоа може да биде спокоен секој вработен. - рече Даниела Марковска од СДСМ.

Од синдикатот најавија продолжување на штрајкот и веруваат дека премиерот ке ги сфати нивните барање и ке излезе во пресрет за егзистенција на работникот и за неопходни 2806 денари.