Власта очекува оставки од петте члена на Судски совет, „прстот вперен“ и во обвинители
По вчерашните интерпелации на 5 те члена на судскиот совет на ред се неколку обвинители и судии кои останаа како последен штит на претходната влада. - Вака премиерот Мицкоски денеска ги коментира вчерашните интерпелации но и понатамошната борба за како што рече поквалитетно судство без сенките од минатото . Сепак денеска премиерот не откри дали и кои ќе бидат новите предлози за членови на судски совет .
Заменик министерот за правда Ален Деребан пак денеска коментирајќи ги верашните интерпелации на 5тте члена на судски совет им порача дека треба да се повлечат од функциите и да ги отстапат местата за нови членови бидејќи вчерашниот исход и гласање покажале дека веќе немаат авторитет да останат .
И Европскиот фронт и денеска го повторија нивниот став и контра аргументите за вчерашните интерпелации откако и тие првично учествуваа во дебатата а потоа ја напуштија салата.
И опозициската СДСМ вчера се изјасни дека нема да учествува во гласањето и први ја напуштија пленарната седница . За интерпелациите гласаше Левица и парламентарното мнозинство а од 5 те членови на судскиот совет присуствуваше само поранешната претседателка Весна Дамева . Ставот на членовите на судскиот совет за кои се водеше дебатата и гласашње интерпелацијата беше дека таа е против правна против уставна и преседан . Претседателот пак на судскиот совет Камбовски и вчера посочи дека нивна индивидуална е одлуката како ќе постапат понатаму и какви одлуки ќе донесат.