Власта не дозволи иницијативата за надзорна расправа на ДУИ за Кочани да се отвори на комисија

Обвинувања за некрофилија, но и кој тоа сака да печали партиски поени на туѓа несреќа, а кој сака да избегне одговорност.

Пратениците од власта и опозицијата во остра расправа откако претседателот на комисијата за политички систем и односи меѓу заедниците Љупчо Пренџов не сакаше  да ја стави на дневен ред точката која ја бараше ДУИ за Иницијативата за надзорна расправа за селективниот пристап во истрагата за трагедија во Кочани.

- Се бара само дебата, вие и тоа не го дозволувате. Чудно како Коцевски кој имаше стомачни вируси сега е добар да ви ја води истрагата. Имаме право на дебата и ќе ги искористиме сите сретства кои ни стојат на располагање ако треба и со иницијатива со 15 пратеници . Со ваков тоталитаризам ако не дозволите пратениците да дебатираат тоа ќе го сторат албанците.

Расправата продолжи во вид на процедурални излагања откако своите ставови и предлози ги изнесоа и СДСМ кои посочија дека немаат ништо против да се отвори дискусуја и за Беса транс, Ласкарци, модуларната но како што рекоа ако веќе се отвараат овие предмети еднаш за секогаш да бидат и затворени. Партиите од власта пак обвинуваа дека сите овие настани се последица на лошотво владеење на претходните владини коалициски партнери.

 И покрај толку процедурални забелешки седницата на комисијата заврши без епилог. Односно парламентарното мнозинство не дозволи иницијативата да се најде како точка на дневен ред со образложение дека истрагата се уште трае а ваква дискусија би можело да се толкува дека на некој начин може да влијае врз самата истрага и инцтитуциите кои работат на истата.