Власта ќе ја заобиколи блокадата на опозицијата за да се задолжи 260 милиони евра

Пратеничката група на ВМРО ДПМНЕ и нивните коалициски партнери поднеле официјално барање до претседателот на Собранието, Африм Гаши, и претседателката на Комисијата за финансирање и буџет, Сања Лукаревска, со цел итно закажување на седницата за предлог-законот за задолжување од 260 милиони евра. Пратеникот Бојан Стојановски и денеска посочи дека ќе ги почитуваат роковите  а доколку Лукаревска не се поредомисли веројатно утре тој ќе претседава со работното тело .  

Во партиското соопштение на СДСМ пак чија пратеничка група вчера преку долги паузи и дискусии се обидуваше да не дозволат да се гласа во комисијата овој заем и денеска наведуваат дека не отстапуваат од своите ставови 

СДСМ: ВМРО-ОКГ и Христијан Мицкоски за само две години ја задолжија Македонија со 2,3 милијарди евра. Вкупниот државен долг веќе достигна 11 милијарди евра, а сега сакаат нови кредити за нови тендери плус уште 260 милиони евра кои ќе ги враќаат нашите деца. Овие пари не се за развој на државата – тие се за нови тендери на организираната криминална група.Не даваме нови задолжувања! Нема да ни ги претворите децата и внуците во должнички робови.

Со реакција се јавија денеска и Левица од каде велат: 

Додека министерката за финансии зборува за „доверба на меѓународните пазари“, граѓаните треба да знаат дека ова не е евтин кредит, туку скапо комерцијално задолжување со огромни ризици и вкупни трошоци од над 25,6%!Македонија денес зема 260 милиони евра, а ќе враќа над 326 милиони евра. Само за камати и провизии граѓаните ќе платат над 66 милиони евра повеќе. Тоа е цената на неспособноста на оваа власт.

Седницата на комисијата за финансирање и буџет вчера помина со политички превирања долги паузи и реплики меѓу власта и опозицијата за заемот а претседателката Лукаревска по паузите не ја свика комисијата  повторно да заседава. Собранието веќе ја изгласа потребата за законот за новото задолжување од 260 милиони евра кој треба да се гласа по скратена постапка Со фиксната стратегија пак 2027 до 2031  се корегира надолу стапката за раст на БДП за годинава од првично планираната 3,8 на 3,5 % .