Власта импровизира со потрошувачки кошнички, наместо да го стартува законот за нефер трговски практики

Наместо да се импровизира со некакви потошувачки кошнички кои ќе бидат согласно сезоната, потребно е навремено да стартува законот за фер трговски практики смета претседателката на Организацијата на потрошувачи Маријана Лончар Велкова.

Таа додава дека во законот кои се чека шест месеци има листа од 2,500 производи и секако таму влегуваат и овие 100 кои што сега владата планира да ги намали. Лончар стравува дека на овој начин можно е повторно да биде пролонгиран законот кој треба да направи намалување на цените на прехрамбените производи.

„Во поглед на кошничките сега есенска, зимска. Ние немаме устален режим на исхрана во смисла на некој луѓето си внимаваат на нутритивни вредности, внимаваат на цената и сето тоа на производите, во смисла на тоа едни производи се употребуваат и зима и лето ако земете кашкавалот, сирењето, па и други некој зеленчукови производи. Нас ни е страв дека ова ќе биде многу краткотрајно, ќе има многу краткотраен ефект и дека нема да се продолжува.“ - вели Лончар. 

Министерот за економиија Бесарт Дурмиши денеска изјави дека дека министерството за економија, земјоделие и секотрот за финансии се на работна група и во понеделник ќе биде позната есенската потрошувачка кошничка. 

„Во понеделник ќе имаме јасен одговор и документот или предлогот ќе биде доставен во вторник на Влада и таму ќе се усвои оваа одлука и ќе бидат известени граѓаните.“ - вели Дурмиши.

По најавите од властите дека на 100тина производи ќе им се намалујваат цените од 5 до 15 отсто молк од трговците и стопанските комори, засега ниту еден од бизнисмените не го соопшти ставот и ефектите која ќе ги донесе оваа мерка.