Власта и опозицијата во „трка“ кој тоа ќе ги заштити граѓаните од евентуална злоупотреба на податоците поради системот „Безбеден град“

Власта и опозицијата во трка кој тоа ќе ги заштити граѓаните од евентуална злоупотреба на податоците поради системот „Безбеден град“? Премиерот, Христијан Мицкоски вели дека мора да има протоколи и заштита на податоците на граѓаните од проектот Безбеден град, и посочи дека многу работи ќе се усогласуваат во текот на имплементацијата. Мицкоски рече и дека системот ги дал посакуваните резултати од безбедносен аспект и дека бројот на регистрирани прекршоци во меѓувреме е значително намален во сообраќајот.

Од друга страна, претседателот на СДСМ, Венко Филипче вчера рече дека не е против системот „Сејф сити“ од аспект на безбедноста, туку во сегашното решение постојат други сериозни и суштински прашања кои мора да се прецизираат . Потенцираше дека нивниот сомнеж е во тоа дека власта во иднина може да посегне кон злоупотреба на податоците на граѓаните за партиски цели.

По однос на системот „Безбеден град“ најголем дел од експертската фела сметаат дека ќе придонесе кон намалување на ризикот од сообраќајќи особено со смртни последици, но се потенцира дека постои оправдан страв и ризик од евентуална злоупотреба на податоците на граѓаните и сметаат дека таквиот пристап е спротивно на Уставните начела во државата. Експертите покрај тоа што се поделија околу видеонадзорот во проектот „Безбеден град“, се поделија и околу мерките за одземање возила при тешки сообраќајни прекршоци потенцирајќи дека не е уставно да се одземе возило за безобѕирно управување возила и нагласи дека тоа ќе падне пред ЕСЧП во Стразбур. Законот за прекршоци кој е клучен за безбеден град “,  кој беше тема и на лидерската средба , како и кна координацијата во петокот, но се уште барем официјално нем адоговор меѓу ДУИ и ВМРО ДПМНЕ , за галсовите на Ахмети. Дали законот ќе добие поддршка и од СДСМ се уште немаат став.