Власта и опозицијата во нов обид да се усогласат за СЈО
Foto

Власта и опозицијата во нов обид да се усогласат за СЈО

Власта и опозицијата не се договорија за законот за ЈО со кој се решава судбината на СЈО. По 40 минути, партиските претставници го напуштија министерството за правда со истите обвинувања. ВМРО-ДПМНЕ не отстапува од принципите напишани на 120 страници. Со подипломатски речник пратеникот Антонио Милошоски, кој е и осомничен во истрага на СЈО, бара смена на актуелните обвинители.

За власта законот е идеален. Ја обвинува опозицијата дека сака да протне нова амнестија и предлага истрагите на СЈО отворени по 30 јуни 2017 да бидат прекинати. Но, Милошоски вели денеска не разговарале на таа тема. ДУИ дава поддршка на законот кој веќе е во Собрание.

Следната средба и договор за реформскиот закон се неизвесни, исто како и позитивната препорака на Европската Комисија за која клучен фактор е и решавањето на иднината на СЈО. Министерката за правда не ја исклучува и можноста за дипломатска интервенција за приближување на ставовите и меѓу политичките опоненти и по ова прашање.

0 Коментари

Остави коментари