ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ВО КЛИНЧ, КОЈ САКА ДА ЈА ИЗБЕГНЕ ПРАВДАТА?
Foto

ВЛАСТА И ОПОЗИЦИЈАТА ВО КЛИНЧ, КОЈ САКА ДА ЈА ИЗБЕГНЕ ПРАВДАТА?

Од обвинувања за рекетирање кое станало семејна забава до тоа кој се плаши а кој треба да го спроведе законот за ЈО. Во оваа насока и денеска препукувањата на релација ВМРО ДПМНЕ СДСМ откако лидерот на најголемата опозициска партија Мицковски го впери прстот во владејачката СДСМ и лидерот Заев. Мицковски по вчерашниот марш на СДСМ но и носењето на законот за ЈО и денеска со порака до Заев и до институциите - посериозно да се позанимаваат со Рекет . Но и јавно го праша Заев зошто еден од веќе притворените во овој предмет бил во посета на резиденцијата на претседателот на Влада.

Од Бихаќка пак и денеска возвратија дека како што велат ВМРО ДПМНЕ сакајќи да ги заштити криминалците од своите редови не сакале да го гласаат законот за ЈО, а со тоа застанале во одбрана на корупцијата. Му порачаа на Мицкоски дека нема да има амнестија и дека случаите на СЈО повторно ќе заживеат.

Пратеникот на ВМРО ДПМНЕ пак Антонио Милошовски и денеска на својот Ф.Б профил напиша дека утре до обвинителството ќе ги достават аудио материјалите кои ги поседуваат а за кои тој информираше и на собраниската комисија, по што пак министерката за правда Рената Десковска им одговори се што имаат како материјали да достават до обвинителството а во корист на истрагите кои се водат.

0 Коментари

Остави коментари