Власта и опозицијата во дебата, има или нема политичка криза
Нема политичка криза бидејќи има стабилно мнозинство. Вака премиерот Мицкоски одговаајќи на новинарско прашање ги коментира најавите на ДУИ за блокади во законодавниот дом но не одговори дали тие можат да бидат тригер за предвремени парламентарни избори . На ДУИ пак им порача да не прават политики со двојни аршини но и ги потсети како во времето на заедничкото владеење со СДСМ бираа претседател во законодавниот дом .
Опозицискиот лидер Филипче пак денеска со контра обвинувања токму на адреса на Мицкоски и ВМРО ДПМНЕ критикувајќи ги како што рече погубните политики на актуелната власт кои и натаму обвинува ја носат земјата во изолациоја . Иако Филипче веќе порача дека нема да бидат алиби за предвремени избори сепак вели кога и да се случеле убеден е дека владата на Мицкоски ќе ја прателе како што рече во историјата .
СДСМ веќе извесен период наназад укажуваше на како што тврдеа интерно сценарио меѓу Мицкоски и Ахмети за предвремени избори кое велат албанскиот опозициски блок веќе почна да го спроведува со најавените блокади и процедурални во собранието особено за законите за кои ДУИ сметаа дека се косат со Охридскиот рамковен договор а собранискиот спикер Гаши најави и преиспитување во рамките на комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања за да се провери дали опозицијата ги злоупотребува процедуралните а со тоа и деловникот. Утре стартува и првата пленарна седница на пратениците по одморите со 53 точки но ниту една од ниве не е законско решение за кое е потребно бадентер .

