Власта и опозицијата се надмудруваат околу начинот за одржување на двојните избори

Владата нема да се откаже од намерата за уставни измени, голема илузија е да сметаме дека ќе исчезне обврската само ако ја игнорираме, рече денеска вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ. Смета дека ова прашање ќе биде завршено пред парламентарните избори следната година.

„Кога ќе се случат парламентарнит и претседателските избори се уште е неизвезно. Лидерот на ВМРО ДПМНЕ денеска од Струмица уште еднаш повтори дека претседателските и парламентарните избори треба да се одржат во ист ден.“ - вели Бојан Маричиќ.

 

По однос на шпекулациите дека Спасовски е кандидатот за претседател на државата од редовите на СДСМ, тој вели дека одлуката ќе се донесе на состанок во партијата.

Кој со кого ќе коалицира, се уште е непознато, со оглед на тоа што Партијата на Арбен Таравари, Алијанса за албанците најави излегување од Влада, а СДСМ изминатиов период имаше несогласувања со ЛДП и ДОМ по однос на прашањата за една изборна единица, а познато е дека на 6 месеци пред одржување на истите, изборниот законик не смее да се менува.