Власта ги збива редовите по опизцискиот протест: Избори во 2024 и францускиот предлог на маса на „Илинденска“

Ќе му се заколнат ли утре партнерите на Ковачевски на политичка верност до 2024?.Власта ги збива редовите по опизцискиот протест. За утре попладне во валдата на состанокот на коалицските владини партнери освен реафирмираниот став за избори во 2024, на маса се очекува да се најде и францускиот предлог.

Димитар Ковачевски вчера најавувајќи ја средбата порача дека е случајност што ќе се одржи ден по опозицискиот протест и изјави дека тоа ќе биде позитивна средба на која граѓаните ќе се уверат дека има владејачко мнозинство и влада која се грижи за животниот стандард на граѓаните и обезбедување на се она што треба една влада да го обезбеди во услови на најголема криза.

Тоа, како што рече премиерот, е различно од тоа што го прави опозицијата, бидејќи, како што рече, „таму единствено гледаме деструкција и блокирање“.