Владина комисија треба да се изјасни за преименувањето на здружението „Ванчо Михајлов“

Истекува рокот кога владината Комисија за употреба на имиња треба да донесе став и да го достави до Министерството за правда во врска со прашањето за преименување на бугарското здружение „Ванчо Михајлов“ од Битола, согласно измените на Законот за здруженија.

Врз основа на ставот на Комисијата, министерот за правда потоа треба да донесе одлука и ако одлуката е негативна, здружението треба да биде избришано од Централниот регистар. Владината комисија ја сочинуваат пет члена од кои по еден претставник од министерствата за правда и за култура, еден од Институтот за национална историја и двајца, кои доаѓаат од редовите на МАНУ.

„Се очекува одлуката на Комисијата. Министерот за правда целосно ќе ја почитува.“ - рече Министерство за правда.

Согласно Законот за здруженија и фондации, кој беше донесен по скратена постапка во ноември лани, бугарските клубови се обврзани да побараат пререгистрација или во спротивно им се заканува укинување.

Во февруари бил доставен допис со барање за усогласување на работата на Здружение за афирмација на културните вредности на македонските Бугари „Цар Борис Трети“ - Охрид и дека постапката е во тек. Од здружението „Иван Михајлов“ од Битола, пак не било поднесено барање.

Според измените на Законот за здруженија и фондации се забранува граѓански здруженија, фондации и политички партии да користат имиња, прекари, псевдоними кои се поврзани со фашизам, нацизам, геноцид, Третиот рајх и сл. Законот е со ретроактивно дејство и се однесува на веќе регистрираните здруженија и фондации и предвидува оние што нема да постапат според наведените измени, да се бришат од регистарот откако одлука ќе донесе министерот за правда.