Владимиров за ТВ 24: Ситуацијата во Бугарија е сложена и динамична

Ситуацијата во Бугарија е толку сложена и динамична, што во следните часови ќе се решат многу нешта од кои зависи во 5 до 10 годишен период судбината на бугарија, но и на македонија и на Западен Балкан, вели за ТВ 24 бугарскиот аналитичар за балкански прашања, Владимир Владимиров.

Според него, ако се изгласа недоверба и падне владата на петков, претседателот Румен Радев ќе треба да избере влада, а тој според него, е двигателот на ветото за Македонија, па ако стапи на сцена таква влада, шансите за кревање на ветото значително се намалуваат.