Владимир Панчевски повторно не се појави на рочиште во судот во Велес
Foto

Владимир Панчевски повторно не се појави на рочиште во судот во Велес

Поранешниот претседател на скопскиот Кривичен суд, Владимир Панчевски повторно не се појави на судење во Велес. 

Утрово во Велешкиот суд беше одложено рочиштето. Овој пат Панчевски имаше уредна документација. До судот испратил известување и медицинска белешка дека имал отворено боледување, па од здравствени причини не можел да дојде на судење. 

На судењето ги немаше и неговите двајца адвокати, едниот на ја побарал поканата, а другиот воопшто не бил известен. Сепак, рочиштето ќе беше одложено дури и да се појавеа во судница Панчевски и неговите адвокати. 

Судијката Габриела Гајдова се уште ги нема списите од предметот, кој по жалба за изземање на судот, се уште е во скопска апелација. Следното рочиште е закажано за 3 март. 

Владимир Панчевски е обвинет дека како прв човек на скопска Единица го злоупотребувал системот за електронско распределување на предмети, познат како АКМИС, со што одлучувал кој судија, кој предмет на СЈО ќе го суди.

0 Коментари

Остави коментари