Владиката Петар во Аргумент плус: Условите кои ги поставува Цариградската патријаршија се неприфатливи

Митрополитот на Преспанско-Пелагониската Епархија, Владиката Петар, во Аргумент плус рече дека, изборот на новиот папа во Ватикан е различен од изборот на претставниците во православието.

Тој зборуваше и за тоа дека сакаат и очекуваат Цариградската патријаршија да даде Томос на МПЦ.

„Има два моменти прво папата всушност во Римокатоличка црква не е само црковен поглавар туку е и државник. Тој има  две власти. Има и црковна и државна власт. Од таа гледна точка бидејќи се поставува над сите епископи. Римокатоличка црква нашла за потребно него да го избираат кардинали од цел свет. Има смисла дека е избран по волјата на луѓето кои ги застапуваат. Кај нас се мисли на првиот по чест, не е случајно таков. Не го избираат ниту поглаварите, ниту епсикопите туку само членовите на синодот на Цариградската патријаршија. Првиот во црквата, зборуваме за автокефална црква е прв меѓу еднаквите и соодветно на тоа секоја автокефална црква е еднаква на секоја друга“, рече Владиката Петар и додаде дека на погребот на папата ќе има и претставник од МПЦ.

Тој зборуваше и за признавањето на МПЦ од страна на Цариградската патријаршија.

„Имаме поделба во православието и тоа не е добро. Не може да се очекува да се реши нешто ако нема заедница. Во православната црква највисок авторитгет е Всленскиот сообр. Тој е највисокиот правен субјект и без него се она што се случува е недозволиво. Во тој конект не може да не уценува никој.Тоа прашање за автокефалноста треба да се изнесе на следниот Вселенски собир. Ние сакаме да ни додели Томос Цариградската патријаршија за да не признае. Секое друго прашање и услови се неприфатливи. Ставот на синодот е тој“, објасни Владиката Петар.