Владата задолжи неколку институции за набавка на лекови за пациентите со цистична фиброза
Владата ги задолжи Министерството за финансии, Министерството за здравство и Фондот за здравствено осигурување да одржат координативен состанок и да достават предлог- решение за набавка на лекови за пациентите со цистична фиброза.
Велат се работи за лек којшто во моментов е со исклучително висока цена.
На седницата ја разгледале информацијата од министерството за здравство за потребата од обезбедување пари за Универзитетската клиника за детски болести во скопје, зa набавка на терапија за пациентите со цистична фиброза.