Владата уште анализира за проширување на листата на производи со замрзнати маржи

Дали мерките на владата за продолжување на ограничената маржа до крајот на годинава ќе го  ублажат ударот од поскапувањето на цените на млекото и млечните производи но и лебот, зејтинот и останатите продукти.  

Од Владата тврдат дека наскоро ќе донесат и други мерки, но не прецизиираат за што станува збор.

- Министерството веќе работи и подготви мерка за поддрша на млекопроизводителите која како точка ке биде предложена до Владата. - велат од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Сепак и во изминатиот период имаше ограничување на маржите на трговците, но тоа не ги спречи поскапувањата, бидејќи зголемните цени дојдоа директно од производителите – што ова ќе значи за сегашниот есенски ценовен удар допрва ќе се види. 

Млекопроизводителите веќе ги зголемија цените, а со оглед на кусокот на домашно произвдство за очекување е дека цените ќе зависат и од цените на увозот. Дел од експертите сметаат дека Владата треба да донесе сериозен пакет мерки. 

Некои евроспки земји, освен бизнисите дирктно ги помагаат граѓаните. Во Австрија на пример едно четиричлено семејство зема донации од 1500 евра.