Владата со препорака пензиите да се исплатат од 27 до 30 јули
Foto

Владата со препорака пензиите да се исплатат од 27 до 30 јули

Владата им препорачува на деловните банки да обезбедат пензионерите да може да располагаат со јулските пензии преку мрежата на банкомати и во трговската мрежа од 27-ми месецов, како и да обезбедат готовинска исплата на пензии за клиентите кои не користат картички, во четири групи по распоред составен според висината на пензијата, соопшти владината прес-служба.

На денешната седница на Владата е усвоена Информацијата за исплата на пензии за јули 2021, а  Фондот на пензиското и инвалидското осигурување добил задолжение да ги достави податоците за пензиите до деловните банки најдоцна до 26-ти месецов.

Според препораката од Владата, за пензии со висина до 11.000 денари, исплатата треба да се изврши на 27.07.2021 (вторник),  а за тие со износ од 11.001-14.000 денари на 28.07.2021 (среда). Пензиите со износ од 14.001 до 18.000 денари, според препораката, треба да се исплаќаат на 29.07.2021 (четврток), а над 18.001 денари – на 30.07.2021 (петок).

0 Коментари

Остави коментари