Владата со друга стратегија - нема да ги замрзнува маржите и цените како мерки против инфлацијата

Транспортните услуги се најголем генератор на високата инфлаација, вели премиерот Мицкоски. Додава дека во иста линија со придонес кон зголемена инфлаација се и јаболките, лимоните, бананите.

Анализите се уште траат за да се донесе конечна одлука за какви мерки ќе станува збор. Ако се ограничат маржите на одредени производи ефектот потоа се прелева во следниот месец и на крајот се нивелира. 

Според премиерот, зголемените плати и пензиите прават притисок врз побарувачката, а оние кои ја нудат таа услуга ја качуваат цената додека консументите имаат пари да ја платат. 

Инфлацијата продолжува да расте и во јули достигнала 4,8 проценти во однос на истито месец лани, а индексот на цените на мало бележи зголемување од 5.3 % во однос на претходниот месец пак, трошоците на живот се зголемени за 1,1%, а најголемо зголемување има кај транспортот, околу 10%.

Платата просечно расте 11 отсто на ифлација од 4,5 отсто и нето платата е порасната. Мицкоски рече и дека Владата како најголем работодавец постигна договор за раст на платите во сите институции и повеќе нема таков, како што рече, со плата еднаква на минималната. 

Во однос на минималецот вели дека и тој би сакал работниците да земаат не 500, туку 1.000 евра минимална плата, но теренот на кој тоа треба да се договори е Економско-социјалниот совет.