Владата сериозно размислува да ги затвори границите за српските државјани поради ширењето на коронавирусот во Србија
Foto

Владата сериозно размислува да ги затвори границите за српските државјани поради ширењето на коронавирусот во Србија

Владата сериозно размислува да ги затвори границите за влез на граѓани од Р. Србија, дознава неофицијално ТВ24 од висок владин извор. 

Според информациите, Владата размислува на ваков чекор после сериозната епидемиолошка состојба кај северниот сосед и неконтролираното ширење на коронавирусот меѓу населението. Во овој период и онака нема големо транзитирање на српските туристи кон Грција преку нашата земја поради одлуката на грчките власти да не се дозволи влез на српските државјани преку граничниот премин „Богородица – Евзони“, и туристите се пуштаат само преку бугарската граница. 

Инаку, после завршувањето на изборите, соседна Србија прогласи вонредна состојба во неколку града, а најсериозна е состојбата во Нови Пазар, Белград и Крагуевац. Владата која ја предводи партијата на српскиот претседател Вучиќ е критикувана од познавачите, новинарите и граѓаните дека вештачки ја прикрива бројката на заразени и починати која според истражувањата е десетина пати полоша од официјалните бројки.

0 Коментари

Остави коментари