Владата прогласи кризна состојба поради пожарите - во моментов активни уште седум

Од синоќешните 21 се уште активни се уште 7 пожари во државава во општина Неготино, општина Ново село, општина Гевгелија, Конче, Чашка, атарот на Долнени, како и на подрачјето на општина Штип.

Најопасен е пожарот на Огражден непосредно на границата со Бугарија. По предлог на директорот на Центарот за управување со кризи Стојанче Ангелов, синоќа владата прогласи кризна состојба за пожарите во траење од триесет дена. Со тоа дел од министерствата добија и конкретни задолженија.

Министерството за внатрешни работи да ангажира полициски сили за поддршка при гаснењето на пожарите. Министерството за здравство и здравствениот персонал од општа и медицина на трудот да бидат во приправност за времетраењето на кризната состојба. Министерството за финансии да обезбеди дополнителни наменски финансиски средства доколку за тоа се покаже потреба.

- Владата на Република Северна Македонија, како резултат на топлотниот бран и состојбата со пожарите донесе одлука за постоење на кризна состојба. Периодот на постоење на кризна состојба на целата територија на државата е во траење од 30 дена. - соопшти Владата.

ВО гаснењето на пожарот покрај пожарникари,учествувале и 100 припадници на армијата, 30 припадници на македонската полиција како и дел од вработените во претпријатието Национални шуми, и од локалното население. Од МВР известија дека Полициски хеликоптер од типот Бел-412 од Одделот за воздухопловни единици  продолжил да дејствува врз пожарот што е се уште активен на планината Серта. Хеликоптерот во 25 налети исфрлил над 38 тони вода.

- Рано утрово започнаа механизмите на кризната состојба на терен покрај локалните пожарникари од локалните територијални локални единици како и дел од национални шуми потпомогнати со локално население помогнаат и 100 припадници на армијата како и 30 припадници на на македонската полиција. Воедно рано наутро полета еден полициски хеликоптер кој што активно учествува го гаснењето на пожарот на планината Серта кој што воглавном се простира на три крака а нешто подоцна му се приклучија и два армиски хеликоптери со големи ведра од2 тона. - вели Стојанче Ангелов.

Според ЦУК, во последното деноноќие изгаснати се 14 пожари на отворено во општините Петровец, Гази Баба, Струмица, Валандово, Охрид, Струга Центар Жупа, Кичево, Виница и Општина Тетово.

Наредните 7 дена се најавуваат пеколни температури со над 40 степени, што значително ќе придонесе за зголемување на бројот на пожари.