Владата предлага продолжување на рокот за кризна состојба до 30 јуни
Foto

Владата предлага продолжување на рокот за кризна состојба до 30 јуни

Владата вечерва потврди дека ќе достави до Собранието предлог за продолжување на рокот за постоење на кризна состојба до 30 јуни 2021 година.

Ваквата одлука, како што се посочува во соопштението од владината прес-служба, е донесена на денешната седница врз основа на предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи.

- Владата на Република Северна Македонија на денешната редовна 25-та седница го усвои предлогот на Управувачкиот комитет за координација и управување во системот за управување со кризи и го утврди текстот на Предлог – одлуката за одобрување на продолжување на рокот за постоење на кризна состојба на територијата на Република Северна Македонија, се наведува во соопштението од Владата.

На 20 ноември беше прогласена 30-дневна кризна состојба. Таа трае до 19 декември.

0 Коментари

Остави коментари