Владата позајмува за кинески кредити
Не само од МНАВ туку и од Лотарија и од Мепсо владата позајмила пари за да го враќа кредитот на кинеската банка за патиштата, но сретствата и ним ќе им бидат вратени во август посочи премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање во врска со оние 7 милиони евра за кои на владина седница го задолжи Јавното претприојатие за државни патишта да ги позајми од МНАВ краткоточно без камата со рок до 30 ноември 2026.
Премиерот вели тоа било нормална вообичаена процесура како и во повеќе наврати во минатото.
Сепак и денеска без дополнително објаснување од МНАВ , но и од останатите засегнати страни откако од министерството за транспорт и врски прашањето вчера го адресираа до Јавното претпријатие за државни патишта а пак првиот човек на претпријатието и поранешен градоначалник на Скопшје Коце Трајановски исто така и вчера но и денеска остана без коментар.
Дел од поранешните антикорупционери пак укажуваа на тоа дека целата постапка пред јавноста треба да се води транспарентно наместо институциите да си играат пинг понг.
И вчера во краток разговор за ТВ 24 поранешната претседателка на антикорупциска Биљана Ивановска посочи дека мора да се води сметка за да не се добие погрешен впечаток во јавноста особено кога се дава државна помош под поволни услови а во конкретниот случај не смее да се занемари и консултацијата со меѓународниот фактор бидејќи МНАВ доколку донесе одлука да позајми пари за тоа мора да ги информира и Еуроконтрол и Европската банка за обнова и развој од каде МНАВ пак има земено кредит за опремување и модернизација .
Вчера но и денеска реагираше и опозициската СДСМ од каде велат дека ова е јасен показател дека во буџетот нема пари а економијата е во колапс.
- Владата донесе одлука да земе краткорочен заем од 7 милиони евра од Македонска навигација (М-НАВ). Ова е уште еден јасен доказ дека во буџетот нема пари. Затоа Христијан Мицкоски со денови бараше алиби за предвремени избори. Но не можеше да се извлече од реконструкцијата на Владата – затоа што тоа би било директно признание дека работите се распаѓаат. Сега мора да чека „поволен момент“ за да ги распише. Резултати нема. Економијата е во колапс.
Одлуката за одобрување на кратокорочна позајмица била потпишана на 17 јули а била донесена на владина седница на 14 ти каде во табелата од заклучоците по исходот на седницата само кратко стои како задолжение на ЈП ДП позајмица.

