Владата повторно донесе одлука да не прифати предлог на здравствената комисија – нема да има полициски час
Владата денеска на седница одлучуваше за нов полициски час во Скопје, Куманово, Тетово и Штип со соседните помали општини. Одлуката на министрите на седница била спротивна на препораките на стручната здравствено-научна Комисија за заразни болести и нема да има забрана за движење во спомнатите градови после 22 часот.
Владата соопшти дека бара од МВР поголеми контроли и дека прекршителите на мерките за изолација и самоизолација ќе бидат праќани во државен карантин: