Владата планира нов ребаланс на Буџетот, приходите намалени за 130 милиони евра

Горивата го реметат буџетот. Намалените ДДВ и акцизи ја принудија Владата да подготвува нов ребаланс, само три месеци по претходниот. Премиерот Христијан Мицкоски ја проценува цената на мерките која ја плаќа државата на над 100 милиони евра. Новата буџетска пресметка ја најавува до крајот на месецов, а ќе се кратат и двете буџетски страни.

Од утре дизелот поевтинува за три денари и ќе се продава за 97 денари за литар. Бензините се намалуваат за денар и половина. 95 октанскиот ќе чини 98,50, а 98 октанскиот 100,5 денари за литар. Поевтиниот литар, сепак, останува тежок трошок за македонската плата, и покрај тврдењата на премиерот за најевтино гориво во регионит. Спред Дејан Димовски од „Инженери на Македонија“ кога ќе се пресмета колку литри гориво може да купи една плата,  земјава е на дното во регионот.

За полнење 50 литри дизел, утрешното намалување носи заштеда од 150 денари. А кои државни трошоци ќе се скратат за да се покрие буџетскиот кусок, ќе покаже ребалансот. А вистинската мерка за стандардот е колку останува за живот откако ќе се наполни резервоарот.