Владата планира да издаде еврообврзница од 950 милиони евра
Нешто над 6 милијарди евра ќе тежи буџетот за следната година, што е за 3,5 проценти повеќе од буџетот за годинава. Догодина ќе се потрошат 6,7 милијарди евра или 3 отсто повеќе од годинава, а минусот е околу 633 милиони евра, што е буџетски дефицит од 3,5 отсто и е за 0,5 процентни поени помал од лани.
Владата го усвои буџетот за следната година. За министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска буџетот е развоен и ќе донесе раст на БДП од 3,8 проценти, а инфлацијата ќе ја стабилизира на 2,5 отсто.
Новиот буџет предвидува за 7 отсто повеќе пари за плати и речиси 10 проценти повеќе за пензии. Министерката Димитриеска Кочоска објасни дека платите ќе растат согласно растот на просечната плата, а пензиите според законското усогласување. Ќе има ли линеарно покачување, засега не се знае. Ќе се кратат непродуктивни трошоци, ќе се дигитализираат услугите, ќе се внимава на вработувањањата во јавниот сектор.
Димитриеска Кочоска се пофали дека во сите економски сектори е забележан раст, а невработеноста со 11,5% е на историски минимум. Сепак, призна дека планираните капитали инвестиции за догодина се пониски од годинешните, оти биле планирани според можностите за реализација. Најголем притисок на буџетот прави еврообврзницата од 700 милиони евра, која доспева следната година, па финансирањето на џибетот повторно ќе се прави со задолжување.
Предлог-буџетот во наредните денови ќе биде доставен до Собранието, каде што пратениците ќе расправаат и ќе гласаат за неговото усвојување.

