Владата од граѓаните позајми 17,7 милиони евра преку граѓанска обврзница

Нов заем на владата, преку граѓанска обврзница денеска од граѓаните позајми 17,7 милиони евра.. Од минситерството за финансии соопштија деа интересот бил повисок од пунделниот износ за 1,8 пати.

„Ова покажува дека граѓанската обврзница веќе е препознатлива од страна на граѓаните и дека го најде своето место на пазарот, велат од минситерството.

Зеамот треба да се искористи за реализација на развојни проекти. На денешната аукција  граѓанска обврзница запишеле 907 граѓани.