Владата очекува стабилизација на пазарот со откуп на оризова арпа
Foto

Владата очекува стабилизација на пазарот со откуп на оризова арпа

Заврши жетвата на оризот. Оризопроизводителите не се задоволни ниту од квалитетот, ниту од откупната цена. Во моментот највисоката цена за оризовата арпа е 20 денари за килограм.

Земјоделците сметаат дека со оваа цена не може да се покријат ни производствените трошоци, па голем дел од арпата наместо на откупните пункотови ќе заврши во домшните амбари и магацини.

Од Министерството за земјоделсрво велат точно е, цената сега е пониска, но тоа е вообичаено за периодот на жетва. Годинава цената нема да биде ни одблизу на ланските 32 денари за килограм, кога поради корона кризата земјите, големи производители на ориз ги спуштија рамите. Но велат отворени се за нова интерветна мерка ако цената падне под 20 денари за арпата. 

Земјоделците се жалат дека годинава задоцни сеидбата на оризот поради што доцнеше и жетвата. Тоа го намали квалитетот. Прстот го вперуваат во тоа што водата доцна беше пуштена во каналите.

Но, освен што оризот се сееше во полициски час, годинава ќе се памети и како една од најсушните. Имаше дури и рестрикции поради тоа што браната Калиманци по количината на вода е на критично ниво.

 

0 Коментари

Остави коментари