Владата незадоволна од антикризните мерки кои сама ги донесе

По една недела од воведувањето на старо новата мерка за ограничување на маржите – министерот за економија незадоволен. До следната недела ќе се анализира – па ќе се носи одлука за проширување на мерката.

Бектеши вели иако има надолна корекција на цените на дел од основните прехрмабени производи тоа е многу мало. Замрзнување на цените засега не е во игра, ќе се чека јулската жетва на сончоглед, печеница, со што ресорниот министер се надева дека цените на суровините значително ќе се намалат, па ќе се прави нова анализа. 

 „Дали се намалени согласно нашите очекувања - не. Но идната недела ќе има ќе има проширување... / Ако донесеме одлука за замрзнување на цените тоа ќе значи ќе имаме фикасна цена за секој производ.“ - изјави Бектеши.  

Граѓаните револтирани, и со мерките и без мерките велат цените се превисоки. 

Додека траат анализите, Владата во отворена битка со трговците кои печалат на грбот на граѓаните, законот за заштита на потрошувачите, денеска ги помина владините филтри, оди на усвојување во Собранието. 

Трговците кои ќе се обидат да ги пумпат цените и да манипулираат со потрошувачите ќе се казнуваат со забрана за вршење дејност и до 2 години, а се предидуваат и парични казни во висина од 500 до 10.000 евра во зависност од големината на компанијата.