Владата нема намера да се „прости“ од 78% покачување на функционерските плати

Во Предлог буџетот за 2024 година Владата предвидела пари и за зголемените плати од 78 отсто на избраните и именувани лица . Станува збор за 15 милиони евра кои им следуваат на функционерите според постоечкиот закон за плати. Министерот за финансии Фатмир Бесими , не саклаше да одговори за што ќе бидат пренаменети овие пари доколку се изменат потребните закони и ова високо зголемување на функционерските плати се поништи. Министерот Бесими си зема за право дури да сугерира кое прашање е побитно и што треба да се објави од страна на медиумите од неговата пресконфесренција. Платите на функционерите следната година нема да растат, а кога ќе се намалат ќе кажат од владата.

Фатмир Бесими министер за финансии

„Сите знаеме денеска за што сме тука. И ќе ве замолам, тоа е голема вест за регионот, денешниотг настан соодветно да се пренесе. На ова прашање и премиерот кажа, има работна група која ќе дојде со предлог решение на влада и и владата ќе излезе со конкретен став за тоа прашање.“

Од кога Уставниот суд ги зголеми платите на избраните и именувани лица, прво од владата најавија дека ќе менуваат еден член од законот за плати на функционерите и во најбрз можен рок тоа ќе се промени. Потоа излезе дека работите биле многу комплкицирани, па владата формираше тим од министри кои треба да најдат решение како да се намалат платите на функционерите. Потоа излезе дека не еден туку седум закони треба да се менуваат за работите да се вратат по старо. Во меѓувреме избраните и именувани лица ја трошау деветтата зголемена плата за 78 отсто. Експертите уште пред неколку месеци потенцираа дека доколку властите имаат искрени намери да ги променат законите и да ја вратат висината на платите на ниво од пред одлуката на Уставен тоа ќе го сторат многу брзо. Но во тоа сите беа скептици.

Лазар Јовевски универзитетски професор по трудово право

„Доколку имаше искрена намера, вистинска намера за намување и за прифаќање на или за еден чесен и транспарентен однос, тоа требаше веднаш да се направи. Ние треба да разговараме за зголемување на платите во сите сектори. Значи, ако се зголемија платите на функционерите тогаш зошто не размислуваме да размислуваме ио за зголемување на платите во сите останати сектори

Во време кога минималната плата во Македонија изнесува нешто над 20 илјади денари, а просечната плата е 36 иклјади денари, Претседателите на државата, на владата и на собранието веќе со месеци добиваат плата од 140 илјади денари, следуваат платите на прењтседателот на Уставен суд и на потпретседателите на собрание и на влада која се движи околу 125 илјади денари месечно. Потоа се министерските, обвинителските, пратеничките и градоначалничките плати кои се движат нешто под две илјади евра.