Владата не ја донесе одлуката за ограничување на маржите, маркетите велат дека само ќе придонесе за отпуштање на вработените

Владата вчера не ја донесе одлуката за 10-процентно ограничување на маржите во трговијата на мало и големо што требаше да важи до 30 април и да опфати над 100 групи производи откако Стопанската комора на трговци на големо и мало вчера побара итна средба во врска со одлуката за ограничување на маржите. 

Предлог-одлуката подготвена од Министерството за економија, според најавите, требаше вчера да биде разгледана на итна седница. По порастот на цените на основните прехранбени производи и граѓанските бојкоти, Владата во вторникот го задолжи Министерството за економија и труд да донесе одлука до 10-процентно ограничување на маржата во трговија на мало и 10 проценти на трговија на големо на основните прехранбени производи на истите 73 групи на производи кои беа во претходните кошници, но да се дополни со средства за хигиена како што се детергентите, како и со бебешката храна и други непрехранбени производи кај кои е забележана многу висока маржа, а се дел од основните потреби на граѓаните.