Владата најавува робусна акција од понеделник во судско обвинителските институции
Ќе заигра ли метлата во институциите со судско обвинителска фела откако премиерот Мицкоски денеска најави дека од понеделник стартува со најавената робусна акција во која судии и обвинители ќе треба да сносат одговорност за своите противзаконити дејствија.
Иако Мицкоски веќе извесен период најавуваше нови чекори во сузбивањето на криминалот и корупцијата и ослободување на институциуите од како што велеше остатоците од претходниот режим кои работеле по партиски налози сепак денеска дециден дека времето за чистка е дојдено, но нема да биде помпезно и драматично туку се во согласност со законот и процедурите.
Премиерот Мицкоски веќе извесен период одговарајќи на новинарски прашања во врска со работењето на одредени членови во судскиот совет и советот на обвинители потенцираше дека не може до бесконечност да бараат изговори повикувајќи се на одредени здравствени ситуации и дека е крајно време да дадат отчетност за своето работење. На ова пак денеска обвинителот Коцевски пред почетокот на седницата на Советот на јавни обвинители на прашање дали очекува смена по најавите на Мицкоски за нова робусна акција посочи дека до сега работел согласно законите и дека ситуацијата со стомачниот вирус за која збореше и премиерот била пред двесетина дена и дека само привремено ја одложила седницата која требало да се оддржи.
Деновиве повторно се актуелизира и името на претседателката на Судскиот совет Весна Дамева и нејзиното евентуално продолжување на мандатот за нови 6 месеци за што премиерот остро реагираше, но и реагираше и Дамева дека нејзиниот мандат на два пати против законски бил прекинуван и повикувајќи се на член 8 став 2 од Законот за Судскиот совет, мандатот на претседателот на ова тело трае 2 години. Вчера пак и опозицијата обвинуваше дека токму Мицкоски ги крши законите и прави партизација на институциите назначувајќи како што наведуваа партиски војници.