Владата најавува ново зголемување на минималната плата
Foto

Владата најавува ново зголемување на минималната плата

Владата со закон повторно ќе ја зголемува минималната плата. Премиерот тоа го најави на денешниот прв прес со министерот за финансии, но не кажа детали, за кога и за колку ќе биде зголемен минималецот, кој лани стигна до 12 илјади денари. Стопанствениците се затечени. Велат дека тоа тешко ќе биде издржливо. Но Владата ветува дека повторно ќе дава помош за компаниите. Заев е убеден дури и дека е достижно ветувањето, на крајот на мандатот просечната плата до стигне до 500 евра.

„Со покачувањето на минималната плата и отварањето на спиралата, гледавме каков ефект добИвме. Тој ефект даваше свои резултати некаде до септември, но и после тоа продолжи да расте трендот на покачувањето на платите. Тоа мора да го искористиме и ќе го направиме, притоа испраќам сериозно охрабрување до приватниот сектор, пред се текстилот, кожарската индрустрија дека државата тоа ќе го направи исто така со голем фокус на нивната одржливост на трудоинтензивните дејности во Македонија.“ - изјави Зоран Заев, премиер на РМ.

Според министерот Тевдовски, економијата во Македонија закрепнала, а приватниот сектор веќе е главен двигател на растот. Неговите пресметки покажуваат дека лани просечната плата пораснала за 5,7%. Растото на платите, пак, ја зголемува потрошувачка која поттикнува поголема економска активност.

„Секогаш растеле некаде околку 1.9% сега имаме тројно повисок раст, почнавме од многу ниско ниво на плати. Мнозинството од граѓани живее од својот труд и плата и нема доход од капитал и ќе продолжиме ваков притисок и поддршка за претпријатијата да отвараат подобри работни места, да  инвестираат и животниот стандард да оди напред.“ - вели Драган Тевдовски.

Владата ветува перспективи и економија која ќе функционира за секого. Стапката на невработеност, за првпат, да се намали под 20 проценти. Капиталните иневстиции ќе ги движи градбата на желенизацата на Коридорот 6, патиштата, но и гасификацијата, која со готини се ветува.

0 Коментари

Остави коментари