Владата најавува намалување на цените на горивата следната недела, мерки за храната евентуално во вторник, опозицијата обвинува дека буџетот е празен

Дд следната недела се очекува намалување на цените на горивата, врз основа на направените анализи и движењата на светските берзи најави премиерот Христијан Мицкоски. Како што посочи, според пресметките, бензините од 95 и 98 октани би требало да поевтинат за околу 1,5 денари по литар, додека дизел горивото се очекува да се намали за околу 2,5 денари.

Премиерот истакна дека државата располага со доволни количини на нафта и нафтени деривати и дека снабдувањето е стабилно.  

Пратеникот на СДСМ, Фатмир Битиќи, во гостување на 24 Анализа, обвини дека владата не презела навремени мерки за заштита на економијата и стандардот на граѓаните, а сега нема капацитет да се справи со ценовните шокови и кризата.Тој потенцираше дека владата не презеде ниту една антиинфлациска мерка, а уште во првите 30 дена по почетокот на кризата, кога сè уште спиралата на притисокот на цените не е стигната, имаме скоро 5% инфлација. 

Власта и опозицијата и понатаму во клинч. Од СДСМ обвинуваат дека ВМРО-ДППМНЕ наместо мерки за граѓаните води води популизам. Потенцираат дека велигденската трпеза оваа година е полупразна, затоа што е најскапа досега.

Премиерот го повтори ставот дека на следната Владина седница ќе се направи анализа на извештајот на Министерството за економија и труд за цените на производите. Врз основа на таа анализа ќе се носат идните одлуки.