Владата на Бугарија го прогласи 24 ноември за ден на жалост
Foto

Владата на Бугарија го прогласи 24 ноември за ден на жалост

Министерскиот совет на Бугарија донесе одлука со која 24 ноември 2021 година е прогласен за Ден на национална жалост во спомен на жртвите од пожарот што на 22 ноември избувна во Домот за стари лица во селото Ројак во Општина Дулгопол и за настраданите во тешката автобуска несреќа на автопатот „Струма“ на 23 ноември.

- Владата изразува сочувство до роднините на жртвите. Во нивен спомен државните знамиња на сите државни институции ќе бидат спуштени на половина копје, соопшти прес-центарот на бугарската Влада.

0 Коментари

Остави коментари