Владата ќе потпишува грант за изградба на спорната пречистителна станица за отпадни води во Скопје

Потпретседателката на Европската инвестициска банка Лилјана Павлова денеска доаѓа во земјава за да потпише грант за пречистителната станица во Скопје.

Пречистителната станица беше предмет на големи контроверзи, откако лани во октомври, скопската градоначалничка Данела Арсовска обвини дека функционери на ВМРО-ДПМНЕ биле вмешани во малверзации со тендерот за изградба. 

Ова беше почеток на „расколот“ меѓу Арсовска и партијата што ѝ помогна да биде избрана, а таа потоа  ги разреши сите директори на јавни претпријатија во Скопје од ВМРО-ДПМНЕ и постави свои луѓе.