Владата ќе назначи повереници во Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и во Маврово Ростуше, додека се изберат градоначалници

Следната недела владата ќе назначи владини повереници во општините кои поради немање цензус не успејаа да изберат градоначалници и ќе се обидат тоа повторно да го направат во втора половина на декември.

До тогаш како што посочи и денеска премиерот Мицкоски оваа функција ќе ја вршат лицата кои ќе бидат назначени а во договор со владините коалициски партнери откако ДИК претходно ќе информира за изборниот процес дека е завршен .

Откако ДИК ќе ја информира владата потоа треба да го извести и собранието дека изборниот процес е завршен за да може во рок од  60 дена да се спроведат нови избори во 4 те општини Гостивар , Маврово, Ростуше и Центар Жупа .  Инаку денеска и собраниската комисијата за деловнички и мандатно имунитетни прашања на седница ги констатира мандатите на новите тројца пратеници Александра Николовска, Мартин Стојановски и Мито Андонов. Стојановски доаѓа на местото на Игор Никовски, кој претходно ја известил ДИК дека не го прифаќа мандатот.  

 До почетокот на наредната недела ќе биде комплетиран парламентарниот состав по изборот на неколку пратеници за градоначалници на локалните избори .  Тие доаѓаат на местото на Бети Стаменкоска-Трајкоска, Јане Мицевски и Дејан Проданоски кои беа избрани за градоначалници на Кисела Вода, Сопиште и Прилеп.

 Верифицирањето на мандатите на новите тројца пратеници треба да помине на наредната прва пленарна седница на Собранието, која, како што информира спикерот Африм Гаши  се очекува да се одржува на 10 или 11 ноември.

Веќе по конгресот на ВМРО ДПМНЕ кој е закажан за декември се очекува веднаш потоа да биде направена и владината реконструкција за која и денеска премиерот Мицкоски посочи дека се уште ги разгледуваат имињата во договор со владините коалициски партнери иако и вчера и денеска тврдеше дека за сега не договориле Вреди да добие ресор или министерство повеќе .