Владата ќе бара помош од Брисел за проблемот со бездомните кучиња

Владата ќе бара помош од Брисел, преку ИПАРД програмите да се изгради стационар за бездомните кучиња, најави премиерот Димитар Ковачевски во одговор на новинарско прашање, иако, како што дополни, се работи за проблем под ингеренции на локалните власти.

Притоа, тој нагласи дека проблемот е голем, и дополни дека не се работи за тоа дали градоначалниците имаат моќ или не, туку дали имаат фокус, посветеност и волја да се справат со проблемите.