Владата ја разгледа информацијата за влијанието на Брегзит врз македонската економија
Foto

Владата ја разгледа информацијата за влијанието на Брегзит врз македонската економија

Владата денеска на седница ја разгледа информацијата за влијанието на Брегзит врз македонската економија. Задолжено е министерството за економија во соработка со министерството за финансии и царинската управа да достави предлог-одлука за воведување автономни мерки со условна примена од 30 март годинава.

Задолжени се и министерството за надворешни работи и министерството за економија да достават до владата информација за третманот на македонските стоки при извоз во обединетото кралство во случај на „тврд Брегзит“ и за изнаоѓање на решенија за увоз без царини на производи со македонско потекло.

0 Коментари

Остави коментари