Владата и синдикатите постигнаа договор за етапно покачување на платите за околу 40% заклучно со 2028 г.
Околу 11.000 вработени во админстрацијата ќе бидат ќе бидат опфатени со договорот што го постигнаа синдикалците кои рекоа дека ова е историски чекор. Договорот ќе трае до 2028 година и за негова реализација ќе бидат потребни нешто над 10 милиони евра.
Трпе Деаноски од УПОЗ посочи дека вработените во управата и правосудството успеале да го добијат тоа што го барале и за кое преговарале скоро две години.
Благоја Ралповски од Конфедерацијата на слободни синдикати велат дека со овој договор ќе добијат работниците, потенцирајќи дека како историски договор ќе остане еден од клучните з аподобрување на состојбата на администрацијата.
Премиерот Христијан Мицкоски рече дека како што Владата ќе го регулира зголемувањето на платите, така очекува и администрацијата да испорача подобри услуги. Потсети дека Владата веќе има постигнато слични договори со вработените во образованието и здравството.
П однос на минималната плата премиерот Мицкоски рече дека остануваат на ставот дека за тоа треба да се договорат работниците и работодавачите но потенцираше дека како Влада немаат пари за да ги платат придонесите. Мицкоски рече и дека по однос на платите на функционерите истите ќе си ги намалат.
Од друга страна ССМ ги најави блокадите кои почнуваат во вторник пред Собрание и потенцираа дека не отстапуваат од барањата за минимална плата од 600 евра и по 100 евра за останатите работници.

